49
Од закажаните утрешни мечеви во најдобрата германска фудбалска лига, два нема да се одиграат поради невремето кое зафати делови од оваа земја.
Одложени се натпреварите Сент Паули – Лајпциг и Вердер – Хофенхајм.
„Според моменталните временски прогнози, не може да се гарантира дека условите ќе ги исполнат безбедносните барања во Бундеслигата до почетокот на натпреварот. Поради лизгави патишта и прекини во локалниот и меѓуградскиот превоз, невозможно е да се обезбеди безбедно пристигнување на гледачите на стадионот“, се вели во соопштението на Вердер.
Не се исклучува можноста до утре да се одложи и уште некој меч во Германија.