Манчестер Сити
славеше со убедливи 5-0 над Ливерпул во денешниот меч од дербито на четвртото
коло во англиската Премиерлига.
Сепак, мечот го
одбележа ситуацијата во првото полувреме на „Итихад“, кога при минимално
водство на домаќините директен црвен картон заработи офанзивецот на гостите,
Мане, кој беше невнимателен во судирот со противничкиот голман Едерсон, по што
Бразилецот не беше во можност да го продолжи натпреварот.
Низа реакции на
Островот по одлуката на Џонатан Мос предвреме да го испрати Сенегалецот во
соблекувалната, ги издвојуваме оние на Гери Невил, Тиери Анри и Џејми Карагер,
инаку поранешен фудбалер на Ливерпул.
„Ова е една од
тие ситуации за кои мислам дека не треба да се доделува црвен картон, ова е
неочекувана одлука за мене, целосно погрешна. Колку вакви ситуации имаме во
случаи кога можеме да бележиме високо подигнати нозе на фудбалерите, кога имате
противнички фудбалер кој надоаѓа да реагира со главата?“ праша Невил.
„Мислам дека би
се сложил во тоа, судијата го виде фудбалерот долу на теренот и тоа мислам дека
беше одлучувачко во целата оваа ситуација. Дали додели веднаш црвен картон или
пак сочека да види најнапред што се случило со голманот?“ се надоврза Анри.
Сепак, на големо
изненадување на многумина, во одбрана на одлуката на Мос, застана поранешниот
фудбалер на Ливерпул, Карагер.
„Ова е црвен
картон, не се ни сомневам во оваа одлука, тие обајцата имаа 50/50 шанса да
стигнат до топката. Некои би рекле дека едниот ја имал топката и имал предност во ситуацијата, сепак доколку
нозете ви се толку високо кренати вие добивате црвен картон во таа ситуација,
одлуката на Мос е оправдувачка“ коментираше Карагер.
Многумина се
зачудија од ваквите коментари на поранешните фудбалери, пред се’ на Невил и Анри, своето незадоволство од
нивните коментари го искажаа на социјалните мрежи.