Невидена казна: Ајнтрахт Франкфурт поради навивачите ќе плати речиси половина милион евра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Судот на Германската фудбалска федерација му изрече казна од 440.250 евра на Ајнтрахт Франкфурт поради 11 навивачки инциденти. Станува збор за десет случаи на неспортско однесување и еден случај на дискриминаторско однесување на трибините, регистрирани на седум првенствени и еден куп натпревар. Најголемиот дел од прекршоците се поврзани со употреба на пиротехника.

Од вкупната сума, клубот може да пренамени до 146.500 евра за подобрување на безбедносните мерки и инфраструктурата, како и за проекти за спречување насилство, со обврска тие да бидат документирани и доставени до федерацијата до 30 септември.

Ајнтрахт во моментов е осми во Бундеслигата со 31 бод, со значајна негатива зад лидерот Баерн, но и солидна предност во однос на зоната за испаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×