1,3K
Поразот од Ремс го турна Марсеј во невиден хаос, Роберто Де Зерби одбил да го води тренингот во знак на револт поради лошите резултати, па играчите му се налутиле и одбиле да тренираат.
Во саботата, Ремс приреди изненадување и со 3-1 го совлада Марсеј, резултат кој го внесе клубот од „Велодром“ во невиден хаос.
Роберто Де Зерби бил бесен на своите играчи за изданието во кое се прикажале, па во знак на револт, одбил да го води тренингот во понеделникот.
Но ова само дополнително ја вжештила атмосферата во соблекувалните, фудбалерите се налутиле и одбиле да тренираат.
Па целата ситуација морал да ја смирува директорот Меди Бенатија, кој некако успеал да ги испегла недоразбирањата помеѓу двете страни.