58
Финалето на Африканскиот куп на нации меѓу Мароко и Сенегал беше сѐ само не обичен фудбалски натпревар, се случуваа и незамисливи работи.
Сенегал со 1-0 го победи Мароко по 120 минути борба и стана африкански шампион, но мечот изобилуваше со хаос, напнатост, инциденти…
Пред самиот крај на регуларниот дел главниот судија досуди пенал за Мароко, сенегалските фудбалер го напуштија теренот, а нивните навивачи збеснаа на трибините.
Во еден момент дел од нив се симнаа на теренот и почнаа да се тепаат со редарите, летаа и столици. За среќа ова траеше некоја минути по што се смирија страстите, во меѓувреме се вратија и фудбалерите на Сенегал, па мечот продолжи.