Не е само Премиерлигата интересна на Островот, фудбалот е
таму спорт број еден а не треба да зачудува фактот што дури и нисколигашите добиваат
простор низ медиумите, како и не би било
така со оглед на сите збиднувања.
Се работи за финалните моменти од мечот во деветтолигашка конкуренција во Англија, помеѓу Падихем и Виднес. Падихем со гол во 92. минута намали
на 3-2 на само една минута до крајот на средбата, а тука настапи драма, ретко
видена досега.
Фудбалерите на Виднес веднаш имаа шанса да стават точка
на сите дилеми околу победникот, но нивната неверојатна прилика беше спречена
да биде финиширана со погодок на самата гол линија.
Веднаш потоа Падихем израмни на 3-3, а своите импресии од
лудиот финиш на овој натпревар на социјалните мрежи ги пренесе и Икер Касилјас,
поранешниот чувар на мрежата на мадридски Реал, моментално член на Порто.