Суданскиот тим н Ал-Хилал можеби не е најсилниот клуб на африканскиот континент, но оваа сезона има шанса да испише страница од историјата каква што досега не е видена во светот на фудбалот.
Станува збор за најтрофејниот клуб од Судан, кој во својата историја има 31 шампионска титула, но поради тековната војна во земјата, принуден е да настапува во други држави.
Приказната звучи речиси неверојатно. Откако пред две години го освои шампионатот на Судан, Ал-Хилал беше приморан да го продолжи своето постоење во Мавританија. Таму веднаш успеа да стане и шампион во првенството.
Оваа сезона суданскиот великан е дел од лигата на Руанда и веќе ја започна со победа во дербито против Кигали. Иако имаат шест заостанати натпревари поради административни и логистички проблеми, клубот се смета за еден од главните фаворити за титулата. Доколку успеат, Ал-Хилал би станал првиот клуб кој освоил првенствени титули во три различни зеји и тоа во низа, Судан, Мавританија и Руанда.
🇷🇼 Al-Hilal of Sudan, who won Mauritania's league last season, are now playing in Rwanda – along with Al-Merrikh – due to the conflict back home.
— The Sweeper (@SweeperPod) November 12, 2025
They have kicked off the campaign with a win over Kigali but are starting 6-7 rounds into the season so have a fixture backlog to… pic.twitter.com/c4VNwyFqZg
Финансискиот капацитет на клубот е редок пример за африкански рамки. Ал-Хилал самостојно го изгради својот стадион кој има капацитет од 25.000 гледачи, што го издвојува од сите други африкански гиганти, бидејќи проектот е финансиран исклучиво со средства на клубот.
И покрај домашните успеси, Ал-Хилал сè уште не успеал да го освои континенталниот врв. Двапати играл во финалето на Лигата на шампионите на Африка во 1987 и 1992 година, но и двата пати бил поразен. Минатата сезона беше елиминиран во четвртфиналето, а годинава суданскиот клуб повторно ја гледа шансата да стигне до долго посакуваната африканска круна.