Неверојатно: Рики Пуч играл 30 минути со повредени вкрстени лигаменти и асистираше за финале на ЛА Галакси

by bojan
2 минути читање
Рики Пуч

Поранешниот фудбалер на Барселона, Рики Пуч имаше неверојатен подвиг откако половина час играше со оштетени вкрстени лигаменти на коленото и асистираше за победа на ЛА Галакси против Сиетл и пласман во финалето на МЛС лигата.

Рики Пуч важеше за еден од најголемите таленти во школата на Барселона, но откако не успеа да се наметне посериозно во првиот тим, се реши за авантура во САД.

Фудбалерот од средниот ред одлично се снајде во МЛС и се претвори во еден од лидерите на Лос Анџелес Галакси.

Тој изминатиов викенд имаше неверојатен подвиг во финалето на западната конференција, и откако заработи незгодна повреда на коленото по еден час игра, остана на теренот, доигра 30 минути со оштетен преден вкрстен лигамент, и асистираше за победа на неговиот тим од 1-0.

Неколку часа по крајот на натпреварот, ЛА Галакси го соопшти лошите вести и откри дека Рики Пуч нема да биде во комбинација за пресметката за титулата против Њујорк Ред Булс, Шпанецот ќе мора да направи операција и да паузира со месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани