Неверојатно: Препородениот Антони кандидат за играч на месецот во Ла Лига!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дека фудбалот често дава интересни приказни, најдобро зборува приказната на Антони.

Блескаше во Ајакс, па потоа пропадна во Манчестер Јунајтед. Сега Антони се пресели во Бетис и добро му тргна авантурата во Шпанија.

На четири настапи за Бетис бразилскиот офанзивец има три погодоци и една асистенција. Со тоа се најде во одбрано друштво и е дел од битката за играч на месецот.

Антони заедно со Килиан МБапе, Педри, Оихан Сансет и Анте Будимир се борат за признанието од Ла Лига за играч на месецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани