Неверојатно: Партизан собра 22.000 дечиња на трибините за мечот со АЗ Алкмар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Партизан успеа да создаде фантастична и многу гласна атмосфера на трибините иако имаше забрана од УЕФА за гледачи.

Српскиот тим имаше дозвола на стадионот да има само дечиња до 14 години а тие успеаа да соберат дури 22.000. Бројка која ги изненади буквално сити.

На трибините имало дечиња и од фудбалски школи од Македонија.

Во УЕФА се чудат и велат дека ова е досега невидено во историјата на фудбалот. При други вакви случаево останатите клубови собирале максимум до 3000 дечиња. Но тоа што се случи вчера е големо изненадување за сите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×