Парагвајскиот репрезентативец Андрес Кубас на навистина необичен начин остана без настап на пријателските средби со САД и Мексико.
Имено, тој не можеел да настапи во овие средби затоа што неговиот пасош завршил во машина за перење алишта.
Фудбалерот на Ванкувер Вајткепс ги пропушти двата меча, поразот од САД (1-2) и победата над Мексико (2-1), а причината ја откри неговиот татко.
„Го заборави пасошот во пантолони. А ниту госпоѓата која работи таму не забележала и ги ставила да се перат. Навистина Андрес е лут поради овој инцидент. Тој доби нов пасош, ама не успеа да стигне навреме за настап“, кажа неговиот татко.
Иако документот бил веднаш обновен, процедурите и времето потребно за патување го спречија Кубас да им се приклучи на соиграчите навреме.