Неверојатно: На СП 2026 може да настапат две репрезентации од иста држава!

by Стефан
1 минути читање

Светското првенство во фудбал во 2026 година, што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе биде уникатно по многу нешта, пред сè затоа што првпат во историјата на мундијалите ќе учествуваат дури 48 репрезентации.

Но, турнирот би можел да влезе во историјата и по уште еден куриозитет. Имено, по цели 88 години, првпат по Мундијалот во 1938 година можно е на исто Светско првенство да настапат национален тим и селекција од неговата прекуокеанска територија.

Франција, која речиси сигурно ќе избори директен пласман на шампионатот, би можела да го дели големото натпреварување со својата прекуокеанска територија, Нова Каледонија. Оваа селекција, како вицешампион на Океанија, ќе игра во интерконтиненталниот плејоф во март 2026 година и ќе се обиде да обезбеди историски настап на Мундијалот.

Нова Каледонија е прекуокеанска територија на Франција и членка на Францускиот Комонвелт. Во 2014 година таму беше одржан референдум за независност, но мнозинството граѓани одлучија да останат дел од Франција што ја отвора можноста во 2026 година да сведочиме на навистина редок момент во фудбалската историја.

Такво нешто се случи само на Светското првенство во 1938 година, кога учествуваа Холандија и тогашните Холандска Источна Индија, денешна Индонезија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×