Вчера Бенфика славеше голема победа над Реал Мадрид од 4-2, но се до финишот домаќините немаа резултат кој ги води во ноокаут фазата.
Водеше Бенфика со 3-2, меѓутоа тоа не беше доволно поради подобрата гол-разлика на Марсеј. Сепак, тоа се промени кога голманот Трубин во последните секунди постигна гол за голема радост.
Интересно е што Жозе Мурињо се до финишот не знаел дека потребна му е победа од два гола разлика. Тоа му го кажале соработниците, но откако ги направил измените со кој сакал да го брани водството од 3-2 мислејќи дека е доволно.
„Неколку секунди по замените ми кажаа дека ни треба уште еден гол. Полудев. Се прашував зошто не ми го кажале порано. Имавме среќа. Трубин е висок два метра, постигна фантастичен, историски гол. Победата е повеќе од заслужена. Сум видел речиси сè во фудбалот, но ова ми се случува за првпат. Знаевме дека Трубин може да даде гол, знаевме дека овој гигант е способен на ваков подвиг“, изјави Мурињо.