Полскиот голгетер Роберт Левандовски важи за еден од најдобрите напаѓачи во фудбалската историја, но кон крајот на сезоната 2022/23 Барселона наводно му дала необич наредба, да престане да постигнува голови.
Ова го открива Себастијан Стажевски, авторот на биографијата за Левандовски, кој наведува дека причината била финансиска. Имено, при неговото пристигнување на „Камп Ноу“, каталонскиот клуб плати 45 милиони евра, а во договорот била вметната клауза според која Барса мора да му исплати дополнителни 2.5 милиони евра на Баерн Минхен, ако Полјакот стигне до 25 погодоци во сезоната.
Кога Левандовски веќе имал постигнато 23 гола, од клубот, кој во тоа време беше во уште поголема финансиска криза отколку денес, му било сугерирано да не ја надмине споменатата бројка за да се избегне исплатата на бонусот.
Во актуелната сезона, 37-годишниот напаѓач повторно е ефикасен и на девет одиграни средби има седум погодоци.