Неверојатно: Италијанските фудбалери пред финалето со Босна преговарале за пари?!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Италија наводно побарале бонус од 300.000 евра пред одлучувачкиот бараж за пласман на Светското првенство против Босна и Херцеговина, јавува „Ла Република“.

Во прашање според пишувањето на медиумите била сума од 10.000 евра по играч која требало да се исплати само доколку тимот обезбедел пласман на Мундијалот. Барањето било изнесено непосредно пред финалниот дуел, но тогашниот селектор Џенаро Гатузо наводно ги стопирал сите понатамошни разговори со Фудбалската федерација на Италија. Гатузо инсистирал дека преговори за бонуси можат да се водат само по обезбеден пласман, а не пред клучниот натпревар.

На крајот, Италија го загуби баражот од Босна и Херцеговина по пенали, по што Гатузо поднесе оставка, а „Аѕурите“ останаа без трет Мундијал по ред. По новиот дебакл, оставки поднесоа и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон.

Италијанските медиуми додаваат дека фудбалерите по поразот се обиделе да го убедат Гатузо да остане на селекторската функција, но тој ја одбил таа можност.

„Република“ ситуацијата со премиите ја оцени како индикатор за менталитетот со кој дел од тимот пристапил кон натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×