Неверојатно: Го украде пеналот од капитенот и се скара со цел тим, а иако даде гол тренерот го смени! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Лече и Удинезе понуди сцена која ретко се гледа.

Удинезе доби пенал, а според планот на тренерот требаше да го изведе капитенот Флориан Тован. Сепак, Лоренцо Лука не сакаше да го препушти изведувањето и направи сцена. Тој се расправаше со целиот тим и на крајот го шутна пеналот и погоди од белата точка.

Казната го стигна само четири минути подоцна, бидејќи тренерот Руњајиќ го замени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани