Неверојатно, Баркли се предомислил на сред медицински тестови и му удрил „корпа“ на Челси

by
1 минути читање

Денеска завршува
летното трансфер лудило, и ако се најавуваа неколку спектакуларни зделки,
последниот ден помина без поголеми трансфери.

Но приказната на
вечерта доаѓа од Стемфорд Бриџ, Челси во последен миг извиси во немарата да го
купи Рос Баркли.

„Сините“ и
Евертон си подале рака за трансфер вреден 35 милиони фунти, играчот ги
договорил личните услови со шампионот на Англија и почнал да ги извршува
редовните лекарски прегледи.

Но потоа на сред
тестови тој се предомислил и решил да се врати во Евертон.

„Двата клуба се
договорија за трансфер вреден 35 милиони фунти
– вели за Скај Спортс сопственикот на Евертон, Фархад
Мошири.

„Тој ги договори
личните услови со Челси, но откако играчот почна да ги извршува лекарските
прегледи, агентот не извести дека Рос Баркли се предомислил
. Ова е големо
изненадување, но таков е фудбалот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани