Ситуација каква што ретко се гледа во светскиот фудбал доаѓа од Италија, а во центарот на вниманието е легендата на Милан, Игнацио Абате.
Овој млад стратег сезонава ја води Тернана во Серија Ц и тоа со солиден успех. И покрај тоа, управата реши да му врачи отказ, а причината беше бизарна. Италијанците веруваат дека се работи за фактот дека Абате не го вкрстил во тимот Метју Д’Алесандро, кој инаку е син на сопственикот Стефано Д’Алесандро кој, пак, бил лут.
Веднаш по отпуштањето на Абате клубот се договори со Фабио Ливерани кој требаше да дојде на потпис.
Бидејќи причината е во најмала рака неоснована имаше протести од страна на навивачите, но и внатре во клубот. Управата на крајот реши да попушти, ја смени одлуката и уште пред да потпише Ливерани беше ослободен од должноста, а Абате беше вратен на позицијата.