Португалија на пенали ја совлада Словенија и закажа пресметка со Франција во четвртфиналето, херој на натпреварот е голманот Диого Кошта, кој ги одбрани сите три пенали.
Португалија добро се намачи против Словенија, но успеа да се пласира помеѓу осумте најдобри на Европското првенство.
Од толку многу ѕвезди во тимот на Мартинез, на крајот херој беше голманот Диого Кошта.
Чуварот на мрежета не само што му одбрани зицер на Шешко во второто продолжение, во пенал серијата ги одбрани сите три пенали на Словенија, па драстично им ја олесни работата на своите согирачи.
Роналдо промаши од белата точка во првото продолжение, но потоа беше прецизен во пенал серијата, исто како и Фернандеш и Бернардо Силва, па славјето можеше да почне.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.