Лионел Меси повторно беше во центарот на вниманието, но овојпат не само поради фудбалските потези. Аргентинецот со гол од пенал во 69 минута му ја донесе победата на Интер Мајами од 2-1 против еквадорскиот Индепендиенте дел Вале на пријателскиот натпревар во Порторико, одигран пред околу 20.000 гледачи.
Сепак, мечот на стадионот „Хуан Рамон Лубриел“ во Бајамон мина во сенка на сериозни инциденти. Во еден момент неколку навивачи влегоа на теренот, а еден од нив директно се упати кон Меси, па кога обезбедувањето дојде го фати во турканицата и Меси заврши на тревникот.
Тоа не беше прва сцена на хаосот. Почетокот на средбата беше одложен за околу еден час поради турканици и неред пред стадионот, по што организаторот со мака воспостави контрола на трибините.
Дополнителна конфузија предизвика и фактот што двете екипи настапија во црни дресови, што создаде проблеми и за играчите и за гледачите.
What a shit show this is.
— herculez gomez (@herculezg) February 27, 2026
Both teams in black, fans storming the field, and they end up knocking over Messi. Wow.
https://t.co/DySCzml9SD