На натпреварот
помеѓу Бразил и Аргентина, пред да почнат да се интонираат химните, дојде до
инцидент на трибината каде што беа сместени гостинските навивачи. Полицијата
тргна да воспоставува ред и почна да удира со палки.
Фудбалерите на
Аргентина се упатија кон трибината во намера да ја смират ситуацијата, но хаосот
не престана, па во еден момент Емилијано Мартинез приреди неверојатни
сцени.
Голманот на „гаучосите“ скокна преку
оградата и нападна полицаец во обид да ги заштити фановите.
EL DIBU DEFENDIENDO A LOS HINCHAS ARGENTINOS EN MEDIO DE LA REPRESIÓN POLICIAL pic.twitter.com/iEXBISudaW
— TyC Sports (@TyCSports) November 22, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.