Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се потврдува како огромно засилување за Реал Мадрид, а неговото влијание најдобро се гледа преку статистиката.
Мбапе оваа година учествувал со 55,3 проценти од сите голови на „кралскиот клуб“ во текот на актуелната сезона. Тоа значи дека Французинот постигнал повеќе од половина од погодоците на мадридскиот гигант. Реал сезонава даде 47 гола во сите натпреварувања, а Мбапе блеска…
Французинот се наметна како клучна фигура и практично незаменлив играч во тимот на Чаби Алонсо, кој целосно ја темели офанзивната игра околу поранешниот ас на ПСЖ.
Мбапе оваа сезона настапи на 25 натпревари, на кои запиша 26 голови и 4 асистенции, бројки кои јасно потврдуваат дека Реал Мадрид доби лидер кој прави разлика на секој натпревар.