„Граѓаните“ утрово го потврдија трансферот на Антоан Семењо од Борнмут, фудбалерот од Гана е засилувањето број 14 за Пеп Гвардиола во последните 12 месеци и вкупна инвестиција од половина милијарда евра.
Минатото лето, Ливерпул трошеше како никој друг, одвои преку 500 милиони евра и во два наврати го урна рекордот на „островото“, прво со ангажманот на Флоријан Вирц, а потоа и со трансферот на Александер Исак.
Но прилично импресивен е и тоа што го прави Манчестер Сити, „граѓаните“ инвестираа половина милијарда евра во последните 12 месеци.
Минатата сезона, во периодот 30. октомври – 21. декември, Манчестер Сити имаше само една победа, па Пеп Гвардиола побара засилувања и беа потрошени околу 220 милиони евра на почетокот од 2025 година.
На „Етихад“ стигнаа Абдукодир Хусанов од Ленс, Витор Реиш од Палмеирас, Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт, Никого Гонзалез од Порто, Кристијан МекФaрлејн од Њујорк Сити и Џума Ба од Ваљадолид.
Летото во 2025 беа платени околу 210 милиони евра за Тиџани Рејндерс од Милан, Рајан Аит Нури од Вулверхемтон, Маркус Бетинели од Челси, Рајан Шерки од Лион, Свере Нипан од Розенборг, Џејмс Трафорд од Барнли и Џиџо Донарума од ПСЖ.
Утрово беше и потврден трансферот на Антоан Семењо од Борнмут вреден нешто над 70 милиони евра, па во последните 12 месеци се направена инвестиција од 500 милиони евра и ангажман на 14 засилувања.