Неверојатна партија на Арнолд: Ливерпул пресилен за Лестер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Веројатно не е
некое големо изненадување триумф на Ливерпул кај Лестер, меѓутоа победата на „Редсите“
со убедливи 0-4 на големо ја отслика разликата во квалитет помеѓу обете екипи
која исплива на површина во 19 коло од Премиерлигата.

Нема никакви
дилеми во тоа дека играч на мечот е неверојатниот Трент-Александер Арнолд кој
запиша дури три асистенции а своето фантастично издание го зачини и со еден
погодок, оној за поставување на конечниот исход за 0-4.

Фирмино најпрво
погоди за почетна предност на гостите и минимално водство на паузата, по која
гостите во целост го „дотолчија“ составот на Брендон Роџерс.

Во второто
полувреме следеше играње со рака на Сојунџу во казнениот простор на Лестер, а
одлуката за пенал беше сосема исправна, сигурен реализатор од белата точка во
71. минута беше нововлезениот Џејмс Милнер кој погоди по само една минута на
теренот.

Три минути
подоцна Фирмино погоди за 0-3, а конечните 0-4 ги постави Александер-Арнолд во
78. минута. Александер-Арнолд инаку беше фудбалерот кој нафрли во казнениот
простор на Лестер од корнер по играњето со рака на Сојунџу, па на Островот таа
ситуација ја запишаа како асистенција на неверојатниот бек на Ливерпул.

Утревечер со
дуелот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Сити ќе се комплетира 19 коло, а
дотогаш Ливерпул со 52 бода е лидер на табелата, следи Лестер со 39, односно
Манчестер Сити со 38 бода и меч помалку до утревечер. Ливерпул исто така има меч помалку, односно гостувањето кај Вест Хем кое беше одложено поради настапот на „Редсите“ на Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×