„Гугл мапс“ преку својата опција „Стрит вју“ овозможува виртуелно истражување на најубавите дестинации и природни убавини, а таму може да се пронајде и фотографија од еден од најпознатите фудбалери на денешницата.
Англискиот репрезентативец и член на Барселона, Маркус Рашфорд може да се забележи преку оваа опција како 11-годишно момче кое чека пред тренинг центарот на Манчестер јунајтед.
Малиот Маркус, во моментот кога поминувале камерите на „Гулг стрит вју“ низ тој дел од Манчестер, чекал клупски автобус облечен во опремата на Манчестер јунајтед, матичниот клуб во кој ја започна кариерата и за кој настапуваше сѐ до заминувањето на позајмица во Барселона минатото лето.
Фотографијата е направена во Витеншо, населбата во која Рашфорд израснал. Според податоците на „Гугл мапс“, фотографијата датира од април 2009 година, период кога Рашфорд настапуваше за академијата на Јунајтед, откако првпат му се приклучил на клубот во 2005 година.