267
Струмичкиот прволигаш
славеше со 3-4 на гостувањето против Пелистер во 15 коло од Првата македонска
фудбалска лига, а два гола во победата на гостите постигна Зоран Балдовалиев.
Вториот гол за него на
мечот беше вистинско ремек-дело, го лобуваше противничкиот голман од цели 40
метри.
Струмичанецот со овие
два гола им пркоси на водечките Хасани и Ибраими на листата на стрелците.
Фото-вест: fkakademijapandev.mk
(архива)