Неверојатен гест на Роналдо, и го исполни сонот на девојче со инвалидитет (ФОТО)

by
1 минути читање

„Кралевите“
денеска ги чека жешко гостување на Сан Паоло против Наполи во Лигата на
Шампионите.

Реал Мадрид имаше
посебни услови за хотелот во кој престојува делегацијата, и побара карантин за своите
играчи.

Никој не смее да
ги вознемирува ѕвездите на Реал, дури ни вработените не смеат да побараат слика
или селфи со фудбалерите.

Но и покрај
ваквите строги правила, Кристијано Роналдо покажа дека е голем човек.

Медиумите од
Италија пишуваат дека ЦР7 го исполнил сонот на девојче со инвалидитет да се
сретне со ѕвездите на Реал

Португалецот бил
во лобито кога забележал дека пред вратата на хотелот стои мајка со девојче, па
му наредил на обезбедувањето да го прекрши карантинот и да го пушти
девојчето.

Сонот на
девојчето бил остварен, таа се сретнала со Роналдо и соиграчите и за спомен добила
слика со Роналдо и Пепе.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани