Несуденото засилување за Вардар и Работнички му пресуди на Левски (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Стефан Јевтоски,
19-годишниот македонски интернационалец од редовите на бугарскиот прволигаш Локомотив
од Пловдив, е херој во победата на својот тим на домашен терен од 2-1 над
Левски.

Токму нашиот
фудбалер во 64. минута го постигна решавачкиот погодок а тоа го направи на
одличен начин, со што стигна до првиот гол во 12. натпревар сезонава. Јевтовски
во игра на мечот влезе во 51. минута.

По мечот во
изјава за бугарските медиуми нашиот интернационалец изрази големо задоволство
за деби голот во тамошниот шампионат.

Младинскиот
репрезентативец и екс член на Металург беше поврзуван со трансфер во Вардар или
Работнички, но се реши својата кариера да ја продолжи во тимот од Пловдив со
кого лани потпиша тригодишен договор.

Во тимот на
Локомотив вон комбинација за настап беше стандардниот играч од средниот ред,
искусниот Ванчо Трајанов.

Според
моменталната ситуација на табелата, во финишот на бугарското првенство,
Локомотив нема никакви шанси за излез во Европа следната сезона.

(Голот на Јевтовски почнува од 1:45)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани