Данска ремизираше со 1-1 против Романија пред својата
публика во последното коло од квалификациската група „Е“ за СП Русија 2018.
Мошне интересен видео детал доаѓа од мечот кој се одигра
во Копенхаген, а во фокусот на вниманието се најде левиот бек на шпанскиот
прволиваш Бетис, 26 годишниот Риза Дурмиши.
Дурмиши за момент го „измести“ Пеач со еден потег, кој се
чини дека беше далеку од намерен, очигледно беше дека намерата на данскиот
репрезентативец беше сосема поинаква, а тој на крајот реагираше со насмевка.
Она што е интересно за Дурмиши е тоа дека во периодот
кога на клупата на нашата најдобра фудбалска репрезентација беше Бошко Ѓуровски, тој беше
контактиран од нашата фудбалска федерација и тогашнио селектор за да игра за
нашата селекција, но тогашниот соиграч на Ферхан Хасани во Брондби се реши по
настапите во младинската, да продолжи со настапи за сениорскиот тим на Данска.