Несторовски поради повреда на коленото која ја заработи на тренинг во Удинезе, мораше да оди на операција по што следува долга рехабилитација. За жал тој нема да биде дел од историското учество на Македонија на ЕП, но им дава поддршка на своите соиграчи.
„Разочарувањето дека нема да настапам на ЕП е големо, 5-6 години сум дел од репрезентацијата, успеавме да ја вратиме Македонија таму каде што треба, испишавме историја, но кога конечно се пласиравме на Европското првенство мене ми се случи таа повреда, но тава е судбината, требало да не играм. Ќе навивам за момците, се надевам дека ќе ја израдуваат македонската јавност, а јас ќе бидам спремен за Светското првенство“, вели Несторовски за „Бекстејџ“.
„Постојано комуницирам со соиграчите од репрезентацијата, во групата сум, знам кога јадат, кога тренираат, ги следам во чекор, тие ми даваат поддршка и совети во овие тешки моменти за мене и ми посакуваат што побрзо да се вратам на терен“.
„Имам уште една година од договорот со Удинезе, ќе останам тука, а планирам и после тоа да останам во Италија, ми се допаѓа фудбалот тука, а на мојата фамилија и се допажа животот тука, па планирам да останам“.