Во дуел на два
тима кои минатата сезона играа во Серија А, Пескара и Палермо приредија
возбудлива пресметка.
Домаќините беа
тие кои го отворија резултатот. Капоне погоди во 10. минута за 1-0.
Потоа следеше
одговорот на Палермо, најпрво Чочев изедначи на 1-1 во 15. минута, за Илија
Несторовки да напраив комплетен пресврт во 33. минута.
Македонецот
постигна прекрасне гол и прецизно пласираше во малата мрежа за 1-2.
Сепак, на стартот
од вториот дел Пескара изедначи. Бругман стрелаше прецизно за 2-2.
Двата тима потоа
имаа по еден поништен гол. Најпрво судијата го поништи голот на домашниот играч
Манкусо, а потоа го сопре и славјето на Чочев.
Неизвесноста
продолжи до самиот крај, Несторовски имаше шанса да се прослави во судиското
надополнување, но голманот на домаќините го спречи Македонецот да донесе победа
во 93. минута и го одбрани неговиот удар.