Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски доби нов договор од Славен Белупо, каде што ќе остане до јуни 2026 година.
Несторовски на почетокот на оваа сезона потпиша за Славен Белупо, откако претходно играше во Италија, а по доаѓањето во Хрватска постигна три голови и една асистенција на осум настапи.
Раководството на Славен Белупо е задоволно со македонскиот напаѓач, па затоа реши да му ја продолжи соработката за уште година ипол.
„Во клубот владее одлична атмосфера и кога управата ми понуди нов договор, не размислував ниту минута. Не погледнав ниту што пишува во него, туку веднаш го потпишав и среќен сум што ќе останам во клубот барем уште година ипол“, кажа Несторовски.
Несторовски во кариерата играше за Удинезе, Палермо, Асколи, Интер Запрешиќ, Словачко, Металург, Викторија Жижков и Победа.