162
Важни три бода за Палермо во битката за враќање во Серија А, херој на тимот од Сицилија беше македонскиот интернационалец Илија Несторовски.
Несторовски резултатот го отвори во 10. минута со погодок со глава, во 36. уште еднаш ја затресе мрежата за сигурна предност на Палермо од 2-0.
Во второто полувреме и двете екипи постигнаа уште по еден гол, но погодоците на Несторовски се покажаа како одлучувачки.