Несторовски со два гола ја реши Про Верчели па поцрвене! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сицилијанците“ со пресврт стигнаа до победа од 2-1 нaд Про Верчели а играч на натперварот беше Илија Несторовски.

Македонецот со два гола донесе три бода, но имаше неславен крај на натпреварот откако поцрвенe во финишот од средбата.

Бифулко ги донесе гостите во предност од 0-1, но пет минути подоцна, Несторовски со одлична реакција и во манир на расен стрелец изедначи на 1-1.

Капитенот на Палермо на стартот од вториот дел одново биеше перцизно за 2-1 и голема радост.

Сепак, тој предвреме го заврши натпреварот откако во 85. минута заработи втор жолт картон и беше искучен.

Зад Несторовски во нападот средбата ја започна Александар Трајковски, кој на теренот помина 65. минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×