Несторовски синоќа направи глупост која предизвика бура од реакции во македонската јавност. Напаѓачот сега се извини за непримерниот гест.
„Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени на јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци“, вели Несторовски.
Некои бараат од селекторот Ангеловски да го исфрли Несторовски од репрезентацијата. Тој вели дека секогаш е на располагање за националниот тим, но ќе ја прифати секоја одлука на селекторот.
„Со критиките сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера. Критиките ме мотивираат,а личните навреди се нешто сосема друго!Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега! Кога резултатите не беа најдобри, сменував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство! Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување и напред Македонија“.
Се очекува наскоро и селекторот Ангеловски да се произнесе за целиот случај и да ја каже својата одлука. На синоќешната прес конференција одговори дека не го видел гестот на Несторовски и својот став ќе го каже откако ќе види што се случило.