Несторовски промаши пенал во поразот на Славен Белупо

by Стефан
0 минути читање

Фудбалерите на Славен Белупо доживеаја пораз од Вараждин со 0-2 во 20. коло од хрватскиот шампионат.

Славен Белупо прв реализираше преку Ковачиќ во осмата минута, но голот беше поништен поради офсајд. Потоа Вараждин ја презеде иницијативата и со головите на Мамут и Мамиќ стигна до предност од 2-0.

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски во 80. минута имаше голема шанса да намали на 1-2 од пенал, но не успеа да го реализира ударот.

По ова коло, Славен Белупо останува на шестото место со 27 освоени бодови, додека Вараждин се наоѓа на четвртата позиција со 29 поени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×