Несторовски почнува од клупата за мечот против Милан?

by
1 минути читање

Стартуваа
возбудувањата од италијанската Серија А, за нас уште поинтересен шампионат со
фактот што таму ќе имаме можност да ги следиме настапите на Елиф Елмас од
Наполи, кој синоќа дебитираше во победата од 3-4 кај Фиорентина, како и Илија
Несторовски од Удинезе.

Несторовски со
својот Удинезе денеска тргнува во мечот на домашен терен против Милан, кој
стартува со почеток од 18 часот, меѓутоа веројатно е дека македонскиот напаѓач
ќе почне од клупата за резервни фудбалери.

„Кориере Дело
Спорт“ пишувајќи за можните почетни состави на обете екипи, го смести
Прилепчанецот на клупата за резервни фудбалери, меѓутоа речиси сигурно е дека и
во таков случај шефот на стручниот штаб на домаќините, Игор Тудор ќе му укаже
прилика на Македонецот на пресметката со „Росонерите“.

Предност во
нападот на Удинезе се очекува да добие Ласања
, а помош во тој дел од играта би добил од Де Пол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×