152
Славен Белупо запиша триумф од 3-1 над Вараждин во второто коло од хрватската Суперлига.
Гостите уште во 21. минута останаа со играч помалку, откако Боршиќ заработи директен црвен картон, но и покрај тоа први дојдоа до предност преку Таварес. Божиќ во 35. минута донесе израмнување, а во второто полувреме Либер и Митровиќ го потпишаа целосниот пресврт на домашните.
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски во игра влезе на стартот на второто полувреме и остана на теренот до последниот свиреж.