Несторовски одигра 90 минути, Риека и Славен Белупо ремизираа во финалето од Купот на Хрватска

by Стефан
1 минути читање

Првиот натпревар од финалето на Купот на Хрватска не донесе победник, Славен Белупо и Риека одиграа 1-1 и оставија сè отворено пред реваншот што ќе се игра на 29 мај.

Риека поведе прва, откако Тони Фрук погоди во 25. минута, но Антонио Босец во вториот дел, поточно во 68. минута, му донесе израмнување на тимот од Копривница.

Илија Несторовски беше стартер за Славен Белупо и ги одигра сите 90 минути, додека Јован Манев остана на клупата за резерви кај Риека и не доби шанса за настап.

Реваншот што ќе го даде конечниот победник и новиот освојувач на трофејот ќе се одигра на 29 мај со почеток од 19 часот на стадионот на Риека.

Фото: NK Slaven Belupo

Можно е и ова да ти се допаѓа

×