Македонскиот прволигаш Арсими го претрпе и вториот пораз на Арена купот, откако денеска во пријателски натпревар беше надигран од хрватскиот Славен Белупо со убедливи 5-1. Еден од стрелците за хрватскиот тим беше и македонскиот интернационалец Илија Несторовски.
Искусниот напаѓач го отвори резултатот во 37. минута, со што Славен Белупо на пауза замина со минимална предност од 1-0.
Арсими накратко се врати во игра со израмнувачкиот погодок во 71. минута, но тој момент не беше доволен нешто повеќе и се покажа само како гол за утеха. Во завршницата следуваше целосен пад, па хрватскиот состав постигна уште четири гола во период од само 11 минути, во 78., 80., 81. и 89. минутаза конечни 5-1.
За Арсими на турнирот оваа беше втор натпревар, а во првиот исто така беа убедливо поразен, тогаш Вуковар запиша триумф од 4-0.