Претстојниов викенд
Палермо гостува кај Кремонесе во 14. рунда натпревари од италијанската Серија
Б, а нашиот напаѓач од редовите на тимот од Сицилија, Илија Несторовски би
можел да дојде до голем јубилеј доколку погоди во неделниот меч.
„Златен момент за Илија
Несторовски, Македонецот игра во животна форма, не најдобриот период, туку
општо откако е во Палермо, пет погодоци во последните три натпревари, вкупно
девет во лигата засега што го прави близу до топ стрелец“ пишува „Спорт
Сицилија“.
Несторовски погоди два
пати во гостинската победа од 1-3 над Карпи, ист учинок имаше и во победа од
2-0 над Виртус Ентела на домашен терен, а последниот пат погоди во ремито од
2-2 на гостувањето кај Пескара изминатиот викенд.
Доколку погоди во недела
нашиот фудбалер ќе го израмни учинокот од ланската сезона кога погоди на четири
натпревари во низа за својот клуб, а останатото би било историја.
Прилепчанецот по молбите
од страна на Палермо беше ослободен од репрезентативните обврски, јасно е дека
тој е и повеќе од потребен на клубот во неговите амбиции сезонава за брзо
враќање во елитата на Италија.
27 годишниот македонски
напаѓач со девет погодоци на десет настапи е прв стрелец во тимот, а воедно го
дели второто место на листата на стрелци во Серија Б заедно со Галано од Бари.
Извор: sport.livesicilia.it