Македонија и Италија досега имаат одиграно четири натпревари. Италијанците победија само на првиот и тоа тешко. На последните три немаат триумф.
Најмногу ги боли поразот во Палермо поради кој не отидоа на Светското првенство. Им станавме кошмар на Италијанците, а тоа им создава дополнителна тежина кога се соочуваат со нас.
„Вечерва ќе се сретнете со еден солиден и компактен тим кој игра одлично во дефанзивата. Последните натпревари против Италија беа позитивни за нас, немаме пораз на последните три меча и сакаме да го продолжиме тој тренд“, изјави Несторовски за италијанските медиуми.
„Во последните седум-осум години, ние многу напредувавме. Бевме на Европско првенство, а и резултатите против вас го покажуваат тоа“.
„Мислам дека фактот што Италија загуби од нас во Палермо, а потоа одигра реми во Скопје, создава тежина врз Италија. Се разбира дека имавме малку среќа, но одигравме добро и сакаме да продолжиме по тој пат“.
„Наш клучен играч дефинитивно е Елмас, тој е нашата ѕвезда. Но Миовски исто така игра многу добро во Абердин и не може да го заборавиме Трајковски кој го даде голот во Палермо. Исто така и Барди кој секогаш е многу добар меѓу линиите“.
„Немаме шанси за првите две места и нема што да загубиме, сакаме само да оставиме добар впечаток“.
Несторовски не е повикан во репрезентацијата, но вели дека не се пензионирал.
„Апсолутно не, тоа поглавје не е затворено. Пред само неколку месеци бев во репрезентацијата, играв за неа дури и кога немав тим“.
„Во октомври и ноември не бев повикан, тоа е точно, но со Асколи најдов конзистентност и се надевам дека наскоро ќе се вратам и во репрезентацијата. Се уште имам многу да дадам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.