Несторовски ќе се бори за трофејот од Купот на Хрватска!

by riste
1 минути читање

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски со неговите соиграчи од Славен Белупо по пенал рулетот го елиминираа Осјек и се пласираа во големото финале од хрватскиот куп.

На натпреварот имаше шанси, но не и голови, па пеналите го решаваа победникот во овој меч.

Несторовски прв шутираше за Славен Белупо од белата точка и беше прецизен. Во редовите на Осјек промашија Солдо и Херани и му овозможија на противникот место во финалето.

За пехрот Славен Белупо ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Истра и Ријека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани