Несторовски кажа збогум: Палермо не го заслужи ова, горд сум што бев капитен

by
1 минути читање

Палермо пред само
неколку месеци требаше да се бори за влез во Серија А преку бараж, но поради
финансиски и административни проблеми, клубот од „Ренцо Барбера“ сега е
испратен во четврта лига.

По ваквиот развој
на настаните, сите играчи на сицилијанците добија раскин на договорите, а
нашиот Илија Несторовски брзо си најде нов ангажман и потпиша за Удинезе на 3+1
години.

Откако официјално
беше потврдена неговата преселба на Фриули, Македонецот испрати порака на
социјалните мрежи и се збогува со Палермо.

„Палермо не го
заслужи ова. Не го заслужија сите оние луѓе кои секој ден ја оставаа душата за
доброто на клубот. Но, јунаците се познаваат на мака. Горд сум што бев капитен
на оваа голема екипа. Палермо секогаш ќе биде мој дом“
– напиша Нестогол на
Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×