Несторовски ја одлежа суспензијата и се врати со гол вреден три бода (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Сицилијанците“
издвојуваа важна победа против директен конкурент за висок пласман, вечерва на
„Барбера“, Палермо со 1-0 ја совлада Верона.

Голот вреден три
бода го постигна Илија Несторовски. Македонецот се врати во стартниот тим
откако паузираше еден меч поради црвен картон и се покажа како одлучувачи.

Популарниот
„Нестогол“ на стартот од вториот дел доби топка во празно на пет метри и
рутински реализираше за 1-0.

Напаѓачот во
финишот од средбата можеше и по втор пат да се запише во листата на стрелците,
но ја погоди само рамката од голот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×