Несторовски и Трајковски ќе добијат газда криминалец кој четири и пол години бил во затвор?

by
1 минути читање

Маурицио Ѕампарини прави нов обид за продажба на Палермо, овој пат има двајца потенцијални од кој едниот е контроверзен.

Станува збор за Рафаело Фолиери кој 54 месеци поминал во затвор во САД за измама и перење пари. Вториот потенцијален купувач е американски конзорциум.

Во 2008 година Фолиери бил прогласен за виновен по 14 точки за заговор, измама и перење пари во случајот познат како Вати Кон Скандал во кој проневерил 50 милиони долари инвестиција од инвеститори вклучително и Бил Клинтон дека имал намера да купи римокатолички цркви во САД.

По четири и пол години во затвор, бил пуштен во 2012 година и веднаш депортиран во Италија.

„Преговорите со Г-дин Фолиери и ФХолдинг груп за купување на Палермо се во тек“, потврдија адвокатите на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×