Несторовски и Трајковски имаат нов тренер, петти оваа сезона

by
1 минути читање

Промени во Палермо, Никола Салерно повеќе не е спортски директор откако си поднел оставка од функцијата, а раководството решило да го смени и тренерот Диего Лопез.

Нов тренер, петти оваа сезона ќе биде Диего Бортолуци од академијата кој му беше асистент на Франческо Гвидолин.

Палермо покрај Диего Лопез, оваа сезона ги отпушти и Еугенио Корини, Давиде Балардини и Роберто Де Зерби.

На седум кола до крајот, Палермо е на претпоследното место со осум бода зад Емполи кој е во безбедната зона. Во следното Несторовски и Трајковски ја пречекуваат Болоња, меч кој доколку не го добијат можат да се збогуваат со сите шанси за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани