Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, македонските интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски, од
редовите на Палермо, кој следната сезона ќе игра во Серија Б, добија нов тренер
во името на Бруно Тедино.
52 годишниот
фудбалски стратег во својата долгогодишна тренерска кариера има водено повеќе
екипи, последниот ангажман му беше во нисколигашот Порденоне, ги има водено и младите селекции на Италија за фудбалери до 16, односно 17 годишна возраст. Тедино доаѓа на местото на Диего Бортолуѕи.
Од Палермо
известуваат дека ќе има промени и на повеќе позиции во клубот, вклучувајќи ја и
позицијата спортски директор, чија функција од денес ќе ја обавува Фабио Лупо.
Палермо не успеа
да избори опстанок во елитното друштво во Италија, па така следната сезона
ќе игра во понизок ранг.
Во изминатата сезона македонскиот тандем во офанзивата
на Палермо, беше доста забележителен.
Александар
Трајковски одигра 11 натпревари притоа постигна 1 погодок, додека пак Илија
Несторовски забележа фантастична сезона зад себе, бележејќи 37 настапи на кои
постигна 11 погодоци за својот тим.