Македонскиот голгетер, Илија Несторовски зад себе има одличен викенд во кој беше двоен стрелец за Славен Блупо во победата над Вуковар од 4-1.
Несторовски на теренот ги помина комплетните 90 минути и беше најдобар за својот тим, па заслужено се најде и во тимот на колото во Хрватска.
Првиот гол прилепчанецот го постигна во 25. минута за 2-0, додека вторпат во листата на стрелци се запиша на десетина минути пред крајот на средбата.
Инаку, сезонава Славен Белупо игра одлично во хрватското првенство и со 21 бод по 14 кола се наоѓа на третата позиција зад лидерот Хајдук (29) и второпласираниот Динамо (28).