Несторовски го испрати Емполи во Серија Б (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Популарниот
„Несто гол“ со 11. погодоци ја завршува првата година во дресот на Палермо.

Во последниот
натпревар од сезоната, Илија Несторовски вечерва ја затресе мрежата на Емполи.

Гостите бркаа
победа за опстанок, но срцата ги скрши репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ во
76. минута.

Илија Несторовски
одлично скокна по една нафрлена топка и донесе предност на Палермо од 1-0.

Бруно Енрике
потоа погоди за 2-0, а гостите преку Круниќ само намалија на 2-1 во 87. минута.

Рузлатот од Ренцо Барбера му одговараше на Кротоне. Тимот од Калабрија на одличната серија победи
во финишот од сезоната го придодаде и името над Лацио, и со триумф од 3-1 си
обезбедија уште една сезона во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани